Достапни линкови

Твитер обележа два твита на Трамп за “неосновани”


американскиот претседател Доналд Трамп

Социјалната мрежа Твитер на 26 мај два твита на американскиот претседател Доналд Трамп ги означи за „неосновани“, со оценка дека шират лажни тврдења. Станува збор за твитови во кои Трамп наведува дека гласањето по пошта ќе доведе до, како што напиша, „лажни избори“. Под твитовите на Трамп имало сини линкови на кои пишувало „погледнете ги фактите за гласањето по пошта“, кои ги пренасочиле корисниците на известувања од страна на Си-Ен-Ен, „Вашингтон пост“ и други медиуми. „Проверките на факти велат дека нема докази дека гласањето по пошта е поврзано со измама на гласачите“, се вели во известувањето. Непосредно откако Твитер го стори тоа Трамп ја обвини компанијата за „мешање“ во претседателските избори во 2020 година. „Твитер целосно ја задушува слободата на говорот, и јас, како претседател, нема да дозволам да се случи!“, твитна Трамп.

Трамп нема да ги затвори САД ако има втор бран пандемија

Прашањето за гласање по пошта стана контроверзно бидејќи демократите и некои држави вршат притисок за проширување на практиката пред изборите во ноември за заштита на јавното здравство за време на пандемијата на коронавирус. Гласањето по пошта може да го зголеми од одѕивот на гласачите. Тоа пак, како што покажаа минатите избори, може да им помогне на демократските кандидати.

XS
SM
MD
LG