Достапни линкови

Русковска: Одбраната се обидува да го докаже тоа што не се докажува


Бојан Јовановски - Боки 13 и Катица Јанева во судница за „Рекет“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Рекет“ со рочиште во кое Обвинителството ги изнесуваше завршните зборови. Обвинителката Вилма Русковска рече дека „Катица Јанева се уште живее во филмот „Чарлиевите ангели“ и оти ги разочарала сите кои во неа верувале. Во однос на обвинетиот Бојан Јовановски - Боки 13 таа истакна дека нема дилеми дека „Ана Камчева и нејзниот сопруг му дале 1,5 милиони евра за да биде ослободен од случајот „Империја“.

„Од изложената одбрана дознаваме дека обвинетата Јанева сѐ уште е во филмот на Чарлиевите Ангели. Но вистинскиот филм е борбата на доброто против злото. Мислев дека сум во еден лош сон. Износите на пари кои беа барани, не можеме ни да ги замислиме на сон, а не на јаве“, рече Русковска.

Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски - Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај Катица Јанева, за осомничениот во предметот „Империја” Јордан Камчев, да добие поблаги мерки во истражната постапка. Меѓу обвинетите за овој предмет каде прв пат во историјата на државата во обвинение е опфатен еден обвинител, беше и Зоран Милевски - Кичеец, но уште на првото рочиште тој ја прифати вината и Кривичниот суд го осуди на три години затвор.

На почетокот на денешното рочиште адвокатот на Боки 13, Сашко Дукоски, рече дека моменгалниот состав на судечкиот совет во “Рекет” е незаконски и нагласи дека на судијата поротник Вања Николова Штерјова и е истечен мандатот во 2019 година.

Судечкиот совет предводен од судијката Васка Николовска Масевска се повлече, и откако повторно се врати рече дека на тоа што се повикува адвокатот Дукоски, е стара одлука, односно дека судијата поротник уште има мандат.

Во продолжение на рочиштето, обвинителката Ивана Трајчева побара да му се одземе целата луксузна гардероба на Бојан Јовановски која ја поседувал и која се користела како доказна постапка.

„Се поставува прашањето како тој престојувал во луксузни хотели и имал луксузна гардероба ако бил невработен. Затоа барам таа да му биде одземена“, рече Трајчева.

Обвинителката Русковска пред Судот истакна дека одбраната се обидува да докаже нешто што не се докажува.

XS
SM
MD
LG