Достапни линкови

Гренел останува пратеник на Трамп за преговорите меѓу Србија и Косово


Американскиот дипломат Ричард Гренел

Американскиот дипломат Ричард Гренел ќе остане специјален претставник на американскиот претседател за преговори Србија и Косово, потврди неговиот портпарол Дик Кастин. „Гренел ја очекува следната расправа за дијалогот веднаш штом се утврди составот на владата (на Косово)“, изјави Кастин за Радио Слободна Европа. Германската агенција ДПА претходно јави дека Гренел ќе поднесе оставка од позицијата амбасадор на САД во Германија за неколку недели. Гренел тоа потврди на Твитер,

Гренел повторно негира дека разговарал за размена на територија меѓу Србија и Косово

До сега, американскиот дипломат ја извршуваше и должноста директор на националните разузнавачки служби во Вашингтон. Во минатата недела Сенатот го назначи републиканскиот конгресмен Џон Ратклиф на таа позиција. Во октомври 2019 година, Гренел беше назначен за специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за преговорите меѓу Србија и Косово. Таа одлука беше изненадувачка, бидејќи на крајот на август 2019 година, дипломат Метју Палмер беше назначен за специјален пратеник на американскиот државен секретар за Западен Балкан.

Тачи: САД ќе имаат водечка улога во дијалогот меѓу Косово и Србија

На почетокот на 2020 година, Гренел успеа да ги натера претставниците на Србија и на Косово да потпишат три писма со намери, за обнова на железничкиот, воздушниот и патниот сообраќај.

XS
SM
MD
LG