Достапни линкови

Тачи: САД ќе имаат водечка улога во дијалогот меѓу Косово и Србија


Хашим Тачи - претседател на Косово.

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека од сега САД ќе имаат водечка улога во процесот на дијалог меѓу Косово и Србија.

Тој рече дека недостатокот на единство меѓу државите на ЕУ за косовското прашање се одразил и на шансата за постигнување договор меѓу Приштина и Белград.

Во неможност да се обрати од косовскиот Парламент, претседателот Хашим Тачи на јавноста и се обрати на прес-конференција во врска со неговата посета на САД минатата недела.

Тачи хронолошки ги објасни состаноците кои ги имал со американските претставнци, како и состанокот на 2 март со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белата куќа, во организација на специјалниот претставник на американскиот претседател за мировни преговори меѓу Косово и Србија Ричард Гренел.

Тој повтори дека состанокот означува важно враќање на САД „во процесот за можното постигнување на конечен договор меѓу Косово и Србија“, што, како што додаде, тоа го бараат сите во Косово.

„Денеска имаме водечка улога на САД и тоа е историски успех“, рече Тачи додавајќи дека состанокот ја одразува и подготвеноста за продолжување на процесот по повеќе од една година стагнација.

XS
SM
MD
LG