Достапни линкови

Манчевски: Утре одлука каков полициски час ќе има викендов


Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска изјави дека Владата во текот на утрешниот ден ќе донесе одлука каков полициски час ќе има претстојниот викенд.

„Се вршат консултации, досега се почитуваа препораките, ние ги следиме експертските мислења. Ќе мора да одиме кон олабавување на мерките, но тоа значи почитување на другите нерестриктивни мерки. Но, тие мерки не се почитуваат, не се носат маски, не се почитува растојание. Ако сакаме да имаме намалување на мерките, мора да се почитуваат препораките“, изјави Манчевски на вечерашното гостувањето на ТВ 24.

Продолжениот карантин има ефект, ама не го решава проблемот

Комисијата за заразни болести предложи да се прогласи карантин од сабота вечер до вторник наутро. Според Манчевски, дел од заразените се од литијата во Струга, како и од вечерите за Ифтар. За него, отсуството на санкции од страна на МВР кон граѓаните кои не ги почитуваат мерките создава нееднаков третман.

„Дел од заболените се од литијата, дел се од од прославата на МВР, а еве изминувааат две седмици како ништо не е преземено за настаните каде што не се почитуваат мерките, немаме информации дали Внатрешна контрола на МВР прави истрага за службениците кои беа на терен, а не презедоа ништо. И затоа граѓаните се во недоумица, односно чувствуваат дека нема еднаков третман кон сите. Сите, и институции и граѓаните, сега кога се олабавуваат мерките насекаде, да апелираме да се почитуваат мерките за заштита“, истакна Манчевски.

Здравјето е причина или изговор за избори во јуни или август?

Тој порача и дека арламентарните избори треба да се одржат кон крајот на јуни, поточно на 21 јуни, а нивното пролонгирање за наесен би преставувал преголем ризик за државата.

Препорачано

XS
SM
MD
LG