Достапни линкови

Чулев: Доказ за негрижата за вработените во МВР е изјавата на Ангеловска


Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев реагираше дека изјавата на министерката за финансии Нина Ангеловска е уште еден доказ за негрижата на Владата за вработените во МВР.

Ангеловска, на денешната прес-конференција рече дека предлогот на Чулев за парична награда на полицајците од 15.000 денари не е во склоп со барањето за ребаланс на буџетот.

Ангеловска: Ќе најдеме начин за награда на сите од борбата со Ковид-19

Според Чулев, Ангеловска го кажала тоа што во суштина го мисли премиерот Оливер Спасовски. Тој посочува дека Спасовски во изминатиот период постојано потенцирал дека стандардот на полициските службеници е важен. Но, како што наведува Чулев, веројатно само кога тој е на чело на Министерството за внатрешни работи.

„Грижата за нив и за нивните плати заврши во моментот кога тој замина од Министерството за внатрешни работи“, напиша Чулев на Фејсбук.

Тој додава и дека до сега од буџетот на МВР се скратени околу пет милиони евра и кратењето е направено на барање на Министерството за финансии, а за потребите на ребалансот на буџетот.

Чулев предлага финансиска награда за вработените во МВР

Чулев вчера рече дека подготвил предлог-уредба за награда за полицијците за придонес во борбата со Ковид-19 која ќе ја достави до Владата.


XS
SM
MD
LG