Достапни линкови

Чулев предлага финансиска награда за вработените во МВР


Наќе Чулев

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, ќе достави предлог до Владата за награда од 15.000 денари за сите вработени во МВР.

„Денес, потпишав и до Владата ќе доставам уредба, со која се предвидува награда од 15.000 денари линеарно и еднократно за секој од нив. Уредбата ги опфаќа сите полициски службеници, вработените во управните служби и другиот административен персонал во Министерството за внатрешни работи, кои целиот овој период неуморно и пожртвувано даваат сè од себе во првите редови во справувањето со коронавирусот“, напиша Чулев на „Фејсбук“.

Тој додава дека тие со својот труд и ангажман го заслужуваат ова и очекува Владата на првата наредна седница да ја усвои оваа уредба.

XS
SM
MD
LG