Достапни линкови

„Епл“ и „Гугл“ со технологија за откривање на изложеноста на коронавирусот


илустрација

Технолошките компании „Епл“ и „Гугл“ ја претставија долгоочекуваната технологија за автоматски да ги известуваат луѓето дали можеби биле изложени на коронавирусот, преку апликација за паметни телефони. Софтверот со употреба на безжична технологија Bluetooth треба да одреди кога некој што инсталирал апликација на телефонот поминал време во близина на друг корисник на апликацијата, кој бил тестиран позитивно за вирусот корона.

Пандемија против приватност - апликации за следење, надеж и страв

Компаниите соопштија дека 22 земји и неколку американски држави веќе планираат да развиваат апликации за мобилни телефони, користејќи го нивниот софтвер. Многу земји досега се обидоа, претежно неуспешно, да развиваат свои апликации за паметни телефони за борба против пандемијата на коронавируотс. Сепак, голем број на вакви апликации имаа технички проблеми на телефоните на Епл и оние со оперативниот систем Андроид и не беа широко прифатени.

XS
SM
MD
LG