Достапни линкови

САД воведоа санкции за иранскиот министер за внатрешни работи


Абдолреза Фазли

Соединетите држави воведоа санкции врз иранскиот министер за внатрешни работи и осум други официјални лица за „тешки кршења на човековите права“. „Иранскиот режим жестоко го задушува несогласувањето на иранскиот народ со државната политика преку физичко и психичко насилство“, изјави секретарот за финансии на САД, Стивен Мнучин.

Рохани се закани со „разорувачки одговор“ ако продолжат санкциите за вооружување

Тој додаде дека „Соединетите држави ќе продолжат да ги сметаат иранските лидери и институции одговорни за угнетување на сопствениот народ“. Санкциите беа изречени на иранскиот министер за внатрешни работи Абдолреза Фазли и група од осум службеници.

XS
SM
MD
LG