Достапни линкови

Суспензијата на американското финансирање на СЗО ќе ги погоди најсиромашните


Директорот на Светската здравствена организација за итни случаи Мишел Рајан рече дека намалувањето на американското финансирање за СЗО ќе има „големи последици во обезбедувањето основни здравствени услуги на најранливите луѓе во светот“. Американскиот претседател Доналд Трамп деновиве се закани дека Соединетите држави, најголемиот донатор, ќе го прекинат финансирањето на СЗО доколку оваа организација на направи значителни промени следните 30 дена. Овие коментари дојдоа на денот кога вкупно 106.000 нови инфекции беа пријавени во СЗО во последните 24 часа, најмногу во еден ден од кога започна пандемијата.

Најголем дневен пораст на заразени од почетокот на пандемијата

Рајан рече дека од вкупната сума што САД ја издвојуваат за СЗО, голем дел од дури „100 милиони долари годишно одат во програмата за итни случаи“, што особено им помага на кревките здравствени системи на сиромашните земји. Тој изрази загриженост за намалувањето на финансирањето и рече дека, доколку е потребно, агенцијата ќе мора да работи со други партнери за да ги обезбеди потребните пари.

XS
SM
MD
LG