Достапни линкови

Најголем дневен пораст на заразени од почетокот на пандемијата


Во последните 24 часа во светот се регистрирани 106.000 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е најголем дневен пораст на заразени од почетокот на пандемијата, соопшти денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адханом Гебрејсус.

Според податоците кои ги изнесе тој, две третини од овие случаи се регистрирани во четири земји.

Ширум светот досега се регистрирани повеќе од 5 милиони случаи на инфекција со коронавирус, а починале 326.000 луѓе заболени од Ковид-19.

XS
SM
MD
LG