Достапни линкови

Од 15 јуни почнува туристичката сезона во Грција


Туристичкиот период во Грција почнува на 15 јуни, кога може да се отворат сезонските хотели, а од 1 јули постепено ќе започнат директните летови од странство до нашите туристички дестинации, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во видео пораката до јавноста во делот посветен на туризмот, јави дописничката на МИА.

Мицотакис го презентираше владиниот план за следните месеци за економијата, поддршката на работните места и туризмот, а паралелно најавил намалување на ДДВ-то.

„На нашите посетители ќе им се прават тестови по случаен избор и ќе се почитуваат нашите општи здравствени протоколи кои сепак, нема да го засенат, ниту нашето сјајно сонце, ниту природната убавина на Грција“, рече Мицотакис.

Во однос на даночните олеснувања најави намалување од 24 на 13 отсто на ДДВ-то за секој вид на билети за превоз. Дополнително, намалување на ДДВ-то ќе има и за кафето и безалкохолните пијалаци, како и за билетите за летните кина.

XS
SM
MD
LG