Достапни линкови

Дендиас: Никогаш нема да дојдеш во Грција ако треба да направиш 20 тестови


Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас

„Ако за да дојдеш во Грција си во ситуација да треба да направиш 15 различни работи, 20 тестови и 15 документи, нема никогаш да дојдеш“, вели министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас во интервју за радиото „ЕРА“ , јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас додава дека намерата на Грција е да прими посетители од земји со кои има слични епидемиолошки карактеристики, а напорите се за овие туристи да се обезбеди простор за слобода на движење „без потврди, без тестови, без малтретирања“.

Како пример за земји со слични епидемиолошки карактеристики со Грција, ги споменува Германија и балканските држави.

Во однос на вчерашниот состанок по иницијатива на шефовите на македонската и грчката дипломатија со министри за надворешни работи од Балканот, Дендиас изјави дека главната тема бил туризмот и додаде дека се исклучително блиску до договор за заеднички услови, „како со земјите од поширокиот регион на Балканот, така и со повеќето земји од Европската унија“.

XS
SM
MD
LG