Достапни линкови

Комисијата за заразни болести предложила продолжен викенд карантин


Илустрација - Полициски час во Скопје

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека Комисијата за заразни болести и предложила на Владата карантинот за време на продолжениот викенд да почне од сабота од 19 часот и да трае до 5 часот наутро во вторник.

Според Филипче, овој предлог е утврден на денешната седница на Комисијата за заразни болести, за што конечната одлука треба да ја донесе Владата.

„Проценките се дека најголем процент од новите случаи на ковид-19 во изминатите денови се од приватни и семејни собири. Поради непочитувањето на мерките, проценките се дека само вакви ригорозни чекори може да дадат ефект. За сите други рестрикции, како што е отворањето на угостителските објекти или укинување на полицискиот час, Владата ќе одлучува следната седмица“, рече Филипче.

XS
SM
MD
LG