Достапни линкови

Курц не се согласува со планот на Меркел и Макрон


Себастијан Курц

Австрискиот канцелар Себастијан Курц најави дека ќе претстави поинаков предлог за обновување на економијата на ЕУ од оној договорен меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон. Во изјава за весникот „Оберестерајхише Нахрихтен“, тој рече дека Австрија сака да покаже солидарност со земјите кои биле особено погодени од кризата, но дека верува оти кредитите се вистинскиот начин, а не грантовите.

„Во наредните денови ќе претставиме предлог со наши идеи. Верувам дека е можно да се стимулира европската економија и покрај тоа, да се избегне консолидирање на долговите“, истакнува Курц.

Тој додава дека Австрија, како и многу други членки на ЕУ, е изненадена од предлогот на Меркел и Макрон.

XS
SM
MD
LG