Достапни линкови

Коронавирус: Оздравени 50, новозаразени 22 и двајца починати


Илустрација - Медицинско лице транспортира материјал за тестирање на коронавирус во лабораторијата во МАНУ.

Во последното деноноќие Институтот за јавно здравје евидентирал 50 лица оздравени од Ковид-19 и биле направени 533 коронатестови, при што биле регистрирани 22 новозаразени. Од досегашниот скрининг на вработени во градинки, во кој се направени 908 тестови, регистриран е само еден позитивен случај, соопшти Министерството за здравство.

Новозаразени лица се регистрирани во Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1. Досега во земјата се направени вкупно 22.255 тестирања на ковид-19.

„Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (78г) примен на 7 мај, а во Тетово почина пациент (77), кој бил на болничко лекување од 14 мај. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1839, бројката на оздравени пациенти е 1351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382“, соопшти МЗ.

XS
SM
MD
LG