Достапни линкови

Филипче: Оздравените од Ковид-19 да донираат плазма за лекување


Министерот за здравство Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ги повика оние кои го прележале Ковид-19 да дадат крвна плазма на Институтот за трансфузиона медицина.

„Апелирам до сите што можат да донираат, да го сторат тоа. На тој начин можете да спасите живот. Плазма може да даруваат луѓе кои го прележале Ковид-19 на Институтот за трансфузиона медицина“, напиша Филипче на својот официјален фејсбук прифил.

Тој им се заблагодарува на сите оздравени пациенти од Ковид-19 кои донирале плазма за лекување на заболени.

XS
SM
MD
LG