Достапни линкови

Пелоси: Трамп не смее да зема неодобрени лекови


Ненси Пелоси

Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес и остра политичка противничка на претседателот Доналд Трамп, изрази загриженост за здравјето на американскиот претседател и рече дека тој не би смеел да зема непотврдени лекови.

Трамп вчера пред новинарите призна дека зема хидроксихлорохин, лек за маларија кон кој прибегнал и покрај предупредувањата за неговата употреба како превентива против инфекција од коронавирус, пренесе АП.

Пелоси во интервју за Си-Ен-Ен рече дека е загрижена поради тоа што го прави претседателот и додаде: „Тој е наш претседател и јас повеќе би сакала да не користи нешто што научниците не го одобриле. Особено кога знаеме колку години има и дека е морбидно дебел“, пренесе АП.

XS
SM
MD
LG