Достапни линкови

Трамп превентивно пие хидроксихлорохин, чиј ефект на коронавирус не е докажан


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека зема лекови против маларија за да ги ублажи симптомите во случај да е заразен со коронавирусот, иако неговиот ефект против инфекцијата не е докажан. Трамп им рече на новинарите дека зема „хидроксихлорокин и додаток на цинк“ секој ден околу една недела и половина.

"Почнав да го земам затоа што мислам дека е добро. Слушнав многу добри приказни", рече Трамп.

Обама со критика за справувањето со пандемијата на коронавирусот во САД

Тој додаде дека неговиот лекар не препорачал употреба на тој лек и дека го побарал од лекар во Белата куќа. Хидроксихлорохинот може да има сериозни несакани ефекти кај некои пациенти, а досега нема докази дека помага против новиот коронавирус. Наспроти советите на многумина здравствени експерти, Трамп со недели промовира хидроксихлорохин како потенцијален лек против ковид-19.

XS
SM
MD
LG