Достапни линкови

Соседски координации за регионална борба со коронавирусот


Влада на РСМ

Министерството за здравство информира дека започнуваат координации со соседните земји за справување со корона вирусот, а овие подготовки имаат за цел да се донесе координирано олеснување на мерките за спречување на внесување и ширење на КОВИД-19 и да се овозможи безбедно патување во странство на граѓаните кога условите ќе го дозволат тоа, соопшти денеска Владата.

Владата на вчерашната седница донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19 и Одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, со која се дозволува службено патување на избрани и именувани лица во странски држави.

Во одлуката се наведува дека заради координации и други работни активности, поврзани со мерките за КОВИД-19, за овие лица нема да се спроведува државен карантин по нивното враќање во државата. Лицата се обврзани да ги почитуваат препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести за одржување на потребно растојание, носење на лична заштитна опрема.

XS
SM
MD
LG