Достапни линкови

Дали ќе има олеснување на мерките против коронавирусот?


Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче за состојбата со коронавурусот во Македонија.

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести треба да бидат дадени нови препораки до македонската влада за натамошно постапување во однос на воведените мерки за заштита од ширење на коронавирусот. Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид-19 во државава од почетокот на епидемијата, досега, изнесува 1.642, бројката на оздравени пациенти е 1.136, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 415.

Аларм за безбедно растојание

Од Министерството за здравство апелираат граѓаните доследно да се придржуваат до мерките, да ја почитуваат забраната за групи поголеми од две лица, да се држи дистанца од најмалку два метра и задолжително да се носи заштитна опрема за лице во случај кога просторот меѓу граѓаните е помал од пропишаното. Ресорниот министер Венко Филипче на последната прес-конференција рече дека резултатите од тестирањата за Ковид-19 ќе ги анализираат на состаноците и на Комисијата за заразни болести и на централниот штаб на Владата, по што ќе се знае како точно ќе се димензионираат натамошните мерки и кои дејности прво ќе почнат да функционираат со цел постепено отворање на економијата.

XS
SM
MD
LG