Достапни линкови

Протест на просветните работници во Атина


Наставниците, професорите, студентите и учениците во Атина денеска протестираа против новиот нацрт закон за образование и побараа негово итно повлекување. Како што јавува дописничката на МИА, протестот завршил мирно, а големо било присуството на полицијата за да се спречат било какви инциденти и обиди да се стигне до Парламентот.

Во услови на пандемија на Ковид-19 и нецелосно олабавени рестриктивни мерки во Грција, протестот бил масовен, а повеќето учесници носеле заштитни маски, но не сите држеле растојание меѓу нив.

Едно од главните барања на денешниот протест е да не се дозволи снимање на часовите за учениците кои од оправдани причини не можат да ја следат настават. Професорите коментираат дека наставата не е ниту театар, ниту реално шоу за да се пренесува во живо и тоа го крши законот за заштита на лични податоци.

Министерката за образование на Грција, Ники Керамеос, одговарајќи на пратеничко прашање рече дека нема да отстапат од нивната намера, часовите да ги следат и учениците кои принудно ќе бидат дома и објасни дека Управата за заштита на податоциод личен карактер оценила дека е законска целта за истовремено предавање и на далечина и со физичко присуство.

XS
SM
MD
LG