Достапни линкови

Грчката влада го стега притисокот врз универзитетите


Во Грција, според законот од 1982 година, кој во изминатите години веќе беше укинуван и враќан од различни влади, универзитетите во голема мерка беа надвор од дофатот на полицијата. Сега, новата влада на Мицотакис сака тоа да го смени.

Самопрогласени анархисти фрлаат молотови коктели од атинскиот политехнички универзитет кон полицијата која се наоѓа надвор.

Тие влечат клупи и маси од универзитетот и ги палат на барикадите.

Слободата на грчките универзитети под удар на новата влада
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:53 0:00

Според грчкиот закон за азил на универзитетите, полицијата не може да влезе во нив.

Панос Цаклоглу, професор на Атинскиот универзитет за бизнис и економија наведува дека на универзитетите имало насилни инциденти од одредени политички групи:

„Згора на тоа постепено имаме неколку видови на криминални или полу-криминални активности што се случуваат во рамките на универзитетите“, вели Цаклоглу.

Новата влада сега предлага закон за укинување на ваквото академско светилиште што беше дизајнирано за да ги заштити студентите кои протестираат и слободата на идеите, но за што новата влада вели дека се користи како покритие за беззаконие.

„Од азил за заштита на идеи, за жал, стана азил за беззаконие“, вели грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Впрочем, анкетите покажаа дека оваа тема е на врвот на вниманието на јавноста, заедно со економијата.

Василис Дигалакис, заменик министер за образование вели:

„Тоа е институција која забранува слободно движење на идеи и слободно движење на студенти на одредени универзитети и овозможува да се случат незаконски дејствија во рамките на нашите универзитети“, вели Дигалакис.

Пратеникот на партијата Сириза и поранешен министер за образование Никос Филис, пак, смета дека законот за азил е синоним за грчката демократија.

„Има една историска реалност кај нас, исто како и во другите земји во Европа, за заштита на универзитетскиот азил. И јас верувам дека тоа е опасен анахронизам да се каже дека ќе го укинеме законот за азил. Тоа е како да речеме, ќе укинеме голем дел од демократијата.“

Законот е наследство по воената диктатура што владееше во Грција меѓу 1967 и 1974 година.

На 17 ноември 1973 година, тенковски истрел во атинската политехника, уби десетици студенти.

Овој закон беше укинат од социјалистите по големите протести за време на должничката криза, а повторно го врати Сириза во 2017 година.

Во минатата недела неколку илјади студенти маршираа низ Атина против укинување на овој закон.

„Ние сакаме универзитетите да бидат отворени за целото општество“, вели студентот Пантелис Папахронис, додавајќи:

„Одговорот не е во никој случај полицијата да ги чува универзитетите, или да гради огради, или нешто слично.“

XS
SM
MD
LG