Достапни линкови

Сведочење за „27 април“: Влегов внатре за да ме видат од партијата


На денешното рочиште за случајот „27 април“ сведочеше Антонио Кочков, вработен во Јавното претпријатие „Државни патишта“ кој пред Судот рече дека е член на ВМРО-ДПМНЕ и ги поддржувал протестите на движењето „За заедничка Македонија“.

„Имавме вибер група преку која комуницираме и каде се кажуваше кога и каде треба да се собереме“, изјави сведокот и на прашање за тоа кој ги давал насоките одговори дека тоа биле „некои поглавни од него“.

Тој рече дека на 27 април 2017 година, не бил на протестите, туку дошол подоцна кога бил упадот во Собранието.

„Влегов во Собранието во салата. Бидејќи беше многу топло и веќе ме видоа дека сум присутен, сакав да си одам. Кога си одев, се качив по едни скали нагоре, зошто не знаев како да излезам. После се спуштив надоле свртев лево и всушност влегов во салата каде ги тепаа пратениците“, изјави сведокот.

На прашање од обвинителката Вилма Русковска да појасни кој требало да го види, сведокот рече дека имало луѓе од партијата кои му помогнале и сакал да им се заблагодари и да ги поддржи.

XS
SM
MD
LG