Достапни линкови

Русковска: Според сведочењето, зад протестот на „27 април“ стои ВМРО-ДПМНЕ


Архивска фотографија од упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

По денешното рочиште за упадот и насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, познат како „27 април“, обвинителката Вилма Русковска изјави дека денешното сведочење на Михаил Младеновски ја покажува „инволвираноста на една политичка партија, но и на структурите од полицијата, односно структури во тогашната УБК“. Покрај Младеновски, денеска сведочеше и референтот за систем и гласање во Собранието, Сашко Коцевски.

„Од сведочењето на Коцевски можат да се заклучат два апсекта. Прво, дека протестите под мотото 'За заедничка Макеоднија' биле директно организирани од политичката партија ВМРО -ДПМНЕ, а исто така не толку, за дали требало да му даде збор на Зекири Ибраими или на некој друг, колку што ме интересираше, односно сакав да слушне и јавноста и судот, дека во моментот можел Трајко Велјановски да го исклучи мониторот на говорницата кога тогашниот пратеник Зекири Ибраими започнал да ја пее албанска химна“, изјави Русковска по рочиштето.

Во случајов обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста", се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Адвокатот на тројца од обвинетите, Еленко Миланов, изјави дека е несериозно сведокот Коцевски кој бил дипломоиран педагог да толкува деловодник.

„Вториот сведок според неговите генерали е дипломран педагог којшто во својата струка постапува со деца во претшколска и осмолетка и тој остана да толкува деловник, што сметам дека е сигурно несериозно“, изјави адвокатот од одбраната, Еленко Миланов.

На следното рочиште, закажано за 13 мај, како сведоци ќе бидат повикани техничкиот премиер Оливер Спасовски и Антонио Кочков.

XS
SM
MD
LG