Достапни линкови

Се бара отпишување на долговите на сиромашните земји


Илустрација

Над 300 пратеници од целиот свет денеска ги повикаа Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка да го отпишат долгот на најсиромашните земји како одговор на пандемијата Ковид-19 и да ги зголемат финансиските средства за спречување глобален економски колапс.

Иницијативата, предводена од поранешниот претседателски кандидат на САД и сенатор Берни Сандерс, и демократскиот пратеник од Минесота, Илхам Омар, доаѓа во услови на зголемена загриженост дека пандемијата ќе ги уништи економиите на земјите во развој.

Рестриктивните мерки воведени заради спречување на ширењето на пандемијата предизвикаа големи штети на глобалната економија, посебно на сиромашните земји со слаб здравствен систем, високо ниво на долг и сиромашни ресурси за управување и со здравствената и со економската криза.

XS
SM
MD
LG