Достапни линкови

ММФ по втор пат ќе ја ревидира прогнозата за економски раст


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) веројатно ќе ја намали својата прогноза за раст на глобалната економија, рече шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева. Меѓународната организација ќе ја намали прогнозата по вторпат годинава, затоа што пандемијата од коронавирусот се одрази на многу економии, повеќе од што претходно беше предвидено.

Шефицата на ММФ говорејќи на денешната веб-конференција во организација на „Фајненшал тајмс“ од Лондон, рече дека најновите податоци што доаѓаат во организацијата од многу земји се полоши од веќе песимистички проекции на ММФ.

Таа вели дека е многу веројатно дека во јуни ќе ги ажурираат нивните проекции.

ММФ: 4 проценти пад на македонската економија поради пандемијата

Во јануари, пред повеќето земји да започнат со воведување на мерките во обид да го забават ширењето на коронавирусот, ММФ предвиде глобалниот економски раст во текот на 2020 година да биде околу 3,3 проценти, што претставува зголемување во споредба од 2019, кога растот беше 2,9 проценти. А за 2021 предвидоа растот да изнесува 3,4 проценти.

Во април, експертите на ММФ ги повлекоа предвидувањата, а во проценките почнаа да го вклучуваат и влијанието на коронавирусот врз економијата. Па новото предвидување беше дека глобалниот раст во 2020 година ќе падне на минус 3 проценти.

XS
SM
MD
LG