Достапни линкови

Милошоски бара вештачење на телефонот на Заев


Антонијо Милошоски

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска побара вештачење на телефонот на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, врз основа на исказите кои што се добиваат од случајот „Рекет“ во судницата, МВР и во Обвинителството.

„Изјавата дека Зоран Заев во 1ТВ телевизијата за чие што нелегално финансирање знаел и соучествувал според досега добиените снимки на 3-ти април 2019 година го предупредил првообвинетиот Боки 13 дека го следат странски служби и обвинители. Тоа значи дека сакал да го прикрие делото, во кое што најверојатно Зоран Заев бил главата на оваа рекетарска шема. Сметаме дека господинот Зоран Заев конечно треба да се врати таму од каде што почна пред да биде премиер, а тоа е во судските клупи. За да може да го даде својот скромен придонес во разоткривањето во шемата за рекетирање на отприлика 20 милиони евра од повеќе стопанственици во Република Македонија“, рече денеска Милошоски.

Според него, зачудува и тоа што „ако Зоран Заев навистина го пријавил случајот за кој што нема записник во обвинителството на 22 април, прашање е зошто молчел од 3 април, кога го предупредил Боки 13, па се до 22 април“.

XS
SM
MD
LG