Достапни линкови

Заев: Изјавите на Бојан Јовановски се неточни


Зоран Заев

Лидерот на СДСМ Зоран Заев не негира дека имал средби со Бојан Јовановски, кој е обвинет во случајот „Рекет“ во телевизијата кога гостувал, но како неточни ги оквалификува неговите изјави дека му кажал оти го следат странски служби и него и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

„Не сакам да коментирам такви изјави бидејќи се неточни. Секако секогаш со секој човек што сум се гледал сум апелирал на законско работење и тоа денеска го потврдувам. Јас не негирам дека сум имал средби со Бојан Јовансковски во телевизијата, како и сите други кога биле гости. Секогаш сме коментирале одредени сутуации, општествени, какви било, но ако некогаш сум искоментирал дека некој може да прави незаконско дејство или има индиции, нешто сум наслушнал, јас тоа секогаш сум го кажувал заради тоа што законите мора да важат еднакво за сите,“ изјави на прес конференција Заев.

Јовановски на денешното рочиште рече дека на 3 април 2019 година Зоран Заев, му кажал дека него и Катица Јанева ги следат странски служби и оти не знае што ќе прави.

XS
SM
MD
LG