Достапни линкови

ИВЗ на 12 мај ги отвора џамиите


Илустрација - Џамија во Старата скопска чаршија

Исламската верска заедница донесе одлука верските објекти џамиите, за верниците да ги отвори на 12 мај. Одлуката е донесена на вчерашниот вонреден состанок на Ријасетот, соопшти ИВЗ. Џамиите беа затворени за верниците по воведувањето на мерките за превенција од ширење на вирусот Ковид-19 од страна на Владата.

„ИВЗ од првите денови на појавувње на пандемијат на Ковид-19, со цел да го заштити здравјето на граѓаните, како и земајќи ги предвид препораките и предлозите на државните здравствени тела, а врз основа на исламските принципи, одлучи да го суспендира одржувањето на молитвите на колективен начин во џамијата. Исламската верска заедница многу внимателно го следи подобрувањето на здравствената состојба во земјата, намалувањето на бројот на заразените и зааатоа на својот вонреден состанок одржан на 07. 05. 2020 ја донесе одлуката за отворање на верските објекти“, стои во соопштението од ИВЗ.

Ријасетот, се вели во соопштението, се надева дека државните органи ќе „имаат разбирање за оваа одлука“.

XS
SM
MD
LG