Достапни линкови

Заев бара оставка од Чулев


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска го повика министерот за внатрешни работи Наќе Чулев да поднесе оставка по литијата во Струга, за што Заев смета дека е загрозување на здравјето на граѓаните.

„Дали Наќе Чулев се консултираше со Мицкоски пред да одлучи да го загрозува здравјето на граѓаните? Дали Мицкоски го натера Чулев да организира настан среде пандемија без мерки на заштита? Дали Мицкоски му кажа на Чулев да не постапува при масовен собир во Струга? Тоа што структури на полицијата предводени од Чулев не реагираа и дозволија да се случaт овие инциденти покрева највисок степен на одговорност кај него и мора да заврши со итна негова оставка“, вели Заев.

XS
SM
MD
LG