Достапни линкови

Северна Македонија со подобри оценки во извештајот на Фридом хаус


Фридом хаус “Земји во транзиција 2020".

Во годинашниот извештај на Фридом хаус “Земји во транзиција” Северна Македонија бележи подобрување во областите изборен процес и независни медиуми. Сепак, Северна Македонија е во категоријата на преодни влади, односно хибридни режими. Напредок од земјите на Балканот бележи и Косово, додека Србија и Црна Гора не паднаа во категоријата преодни, хибридни режими. Србија веќе пет години бележи пад на нејзините резултати во извештаите на Хјуман рајтс воч.

Коронавирусот ќе донесе повеќе демократија во Русија

Инаку, во извештајот се констатира дека се поголем број лидери во Централна и Источна Европа отворено ги напаѓаат демократските институции и работат на ограничување на индивидуалните слободи. Овие напади, како што се додава, резултираа со драматичен пад на некои земји како Полска која испадна од групата консолидирани демократии и стана полу-консолидирана демократија, додека Унгарија, како Србија и Црна Гора, е во преодни, односно хибридни режими. „Многу водачи во овој регион веќе не се преправаат дека се грижат за демократијата или владеењето на правото“, вели Мајкл Абрамовиц, претседател на Фридом Хаус. „Време е европските лидери кои се посветени на слободата да ја решат кризата во своето соседство. Соединетите држави исто така имаат клучна улога и треба да ја редефинираат надворешната политика за да ја потенцира одбраната на демократските вредности“.

„Големиот брат“ се буди во време на коронавирус

„Коронавирусната криза создаде точка на задушување, по што работите или може да се влошат, или демократијата би можела да оживее“, смета Абрамовиц, додавајќи: „Се надеваме дека ова искуство ќе ја илустрира важноста на транспарентното и одговорно управување и ќе ги катализира нови барања за промени“.

XS
SM
MD
LG