Достапни линкови

Коронавирусот ќе донесе повеќе демократија во Русија


Андерс Аслунд

Андерс Аслунд, од Атлантскиот совет во Вашингтон, во интервју за Радио Слободна Европа предвидува дека Русија „ќе изгледа многу поинаку“ по пандемијата на коронавирусот. Тој смета дека тоа, како и ниските цени на нафтата ќе го придвижат руското општество кон демократија.

„На диктатурите им е тешко да ги преживеат кризите како што е оваа“, наведува Андерс Аслунд за Радио Слободна Европа.

Според него, пандемијата може длабоко да смени неколку постсоветски земји“, бидејќи, како што вели, таа предизвика, меѓу другото и пад на цените на нафтата.

“Ниските цени на нафтата ја размножуваат демократијата“, оценува тој.

Видео конференција во Кремљ
Видео конференција во Кремљ

Падот на цените на нафтата остави големи дупки во буџетите на земјите кои зависат од приходите од извоз на нафта и гас, вклучително и Русија и поранешните советски републики како Азербејџан, Казахстан и Туркменистан.

Цените на нафтата беа ниски од 1981-2000 година, кога Русија стана и беше разумно демократска и слободна.

“Ниските цени на нафтата нудат нови можности за слобода и демократија во Русија. Тоа, како и пандемијата со коронавирусот може длабоко да смени неколку постсоветски земји“, вели Аслунд, аналитичар роден во Шведска, кој порано извесно време беше економски советник на владите во Русија, Киргистан и Украина.

Што преземаат државите за да го избегнат економскиот колапс?

Според него, екс-советските земји „се навикнаа на авторитарна клептократија или во некои случаи и на хаотична корупција.

„Населението ќе се определи за демократија и слобода ако му се даде таква можност“, смета тој, оценувајќи дека пониските цени на нафтата ќе ги остават авторитарните власти со помалку ресурси.

Рускиот претседател Владимир Путин во неговиот кабинет
Рускиот претседател Владимир Путин во неговиот кабинет

Со доделувањето на извесна автономија на регионалните лидери во преземањето мерки за решавање на кризата со коронавирусот рускиот претседател Владимир Путин, според Аслунд, „се чини дека се обидува да ја избегне одговорноста за мерките за штедење и тоа токму во ваква кризна ситуација кога централизацијата може да биде корисна“.

“Регионалните гувернери се назначени за да ги преземат и да ги почитуваат наредбите од Кремљ, а не да преземаат свои иницијативи и затоа не се подготвени за оваа ситуација “, заклучува Аслунд од Атлантскиот совет во Вашингтон, во интервјуто за Радио Слободна Европа.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG