Достапни линкови

ЕУ ветува помош за проблемите со Бугарија


Несогласувањата со Бугарија нема да бидат тема на разговор на утрешниот самит ЕУ – Западен Балкан, но ЕУ уверува дека ќе стори сѐ да помогне да се надминат разликите меѓу Скопје и Софија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова, како што јави МИА, било порачано денеска од страна на висок ЕУ дипломат инволвиран во подготовките за утрешниот самит. Тој истакна дека параграфот девет од загрепската декларација потсетува дека регионалната соработка е централен фактор за Европската Унија.

Во изјавата од пред 10-ина дена Софија бара Скопје да престане со каква било поддршка на организации кои се декларираат како македонско малцинско во Бугарија, во меѓународни организации земјава да декларира дека има каква било основа да бара малцински статус за која било група, бара конкретни работи и политичка вклученост во работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања, а јазикот во ЕУ документите и преговарачката рамка да се именува како официјален јазик на Република Северна Македонија.

„Ќе сториме сѐ што можеме да ги олесниме соседските односи, сѐ за да го внесеме регионот во Европа, но дел од работата мора да дојде од самиот регион, да проба да ги реши проблемите сам, секаде има соседски проблеми, и во ЕУ ги има, силните односи и споровите со соседите не се ништо ново ниту извонредно“, истакнал дипломатот.

XS
SM
MD
LG