Достапни линкови

На Балканот опаѓа бројот на новозаразени со Ковид-19


Српската Влада на денешната седница го усвои предлогот за укинување на вонредната состојба, кој ќе биде доставен до Собранието на усвојување. Во земјата има93 новозаразени и четири смртни случаи. Досега во Србија се регистрирани 9557 заразени со Ковид-19. Во соседната земја профункционираа рестораните, меѓуградскиот автобуски и железнички сообраќај, но со предвидените заштитни мерки.

Во Бугарија во последните 24 часа се регистрирани 21 нов случај на заразени со вирусот Ковид-19, со што вкупниот број изнесува 1.632, соопшти Националниот кризен штаб.

Од Кризниот штаб наведуваат дека наредните две недели ќе бидат клучни и дека врз основа на податоците од овој период ќе се одлучи дали преземените мерки се ефикасни и кои следни чекори ќе се преземат.

Во Хрватска има вкупно 2.101 човекзаразени со Ковид-19, а во последните 24 часа потврдени се пет нови случаи.

За денеска е најавено дека ќе бидат објавени мерките за венчавки, погреби, отворање на спортските и детските игралишта.

И во Албанија трендот на новозаразени опаѓа, а бројот на излекувани расте, инфектолозите упатуваа апел до граѓаните да ги почитуваат мерките, оти како што велат, состојбата со вирусот се уште е на половина пат. Во Албанија со новодијагностицираните осум случаи во последното деноноќие, бројот на заразени е 803 лица.

XS
SM
MD
LG