Достапни линкови

Вучиќ: Србија ќе ја укине вонредната состојба


Александар Вучиќ

Србија ќе ја укине вонредната состојба наметната поради пандемијата ковид-19, рече претседателот Александар Вучиќ за телевизија Пинк. Тој притоа прецизира дека парламентот на 6 мај ќе гласа за да стави крај на вонредната состојба. Србија од 15 март спроведува некои од најстрогите мерки на заклучување во Европа, како дел од вонредната состојба, вклучително и затворање на границите и полициски часови. Во земјата има потврдено 9.464 случаи и 193 смртни случаи од ковид-19.

Во Белград протест на опозицијата против вонредната состојба

Вучиќ исто така најави дека локалните парламентарните избори кои беа одложени поради вонредната состојба ќе се одржат или на 14 или на 21 јуни.

XS
SM
MD
LG