Достапни линкови

Мицкоски: За Делчев да не се преговара


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска, на одбележувањето на 117-годишнината од загинувањето на револуционерот Гоце Делчев, изјави дека Делчев не треба да биде предмет за било какви преговори и разговори.

„Гоце Делчев беше човек кој што обединуваше кој што имаше визија, Гоце Делчев беше и ќе остане Македонецот врз основа на кој ние ќе се сеќаваме на минатото, а врз основа на тоа минато ќе ја градиме и иднината. Она кое што сакам денеска од овде како порака да го упатам е тоа дека Гоце Делчев е столбот на современата македонска држава и Гоце Делчев е Македонија и Гоце Делчев не треба да биде предмет за било какви преговори и разговори. Ќе се обидам да ги игнорирам провокациите кои што доаѓаат, за жал сега и кои што се поистоветуваат во предизборието“, рече Мицкоски.

Претходно и премирот Оливер Спасовски и лидерот на владеачкиот СДСМ изјавија дека Гоце Делчев е лидерот кој обединува, а не разединува и дека тој треба да биде патоказот кон иднината.

Последните десетина дена во јавноста и меѓу политичарите и експертите се дебатира за последните условувања од Бугарија поврзани со македонскиот јазик и историја, а особено по изјавите на Денко малески, надворешниот советник на претседателот на Стево Пендаровски, за националната определба на Гоце Делчев.

XS
SM
MD
LG