Достапни линкови

Трудовите инспектори вратиле на работа 140 работници отпуштени во вонредната состојба


Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска на денешната прес-конференција во Владата ги презентираше наодите од шест инспекциски служби во надлежност на Советот, коишто во периодот од 22 март до 26 април имаат извршено 2.273 надзори, со цел да гарантираат целосно почитување на одлуките, мерките и препораките на Владата за заштита од коронавирусот КОВИД-19.

„Државниот инспекторат за труд, во насока на заштита на работничките права, реализираше вкупно 437 контроли при што е поднесена една кривична пријава, донесени се 10 решенија и 28 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките на Владата“, рече Филиповска-Грашкоска.

Директорот на Државниот инспекторат за труд, Алајдин Хавзиу, изјави дека резултати има и од работата на трудовите инспектори.

„Сакам да истакнам дека Државниот инспекторат за труд веќе има издадено 37 решенија, за 28 фирми со што на работа се враќаат 140 вработени кои неправично добиле откази. Им благодарам на сите инспекторати, кои својата работа ја извршуваат со полна професионалност. Контролите продолжуваат, будно ја следиме состојбата и секое прекршување на правата на граѓаните ќе биде санкционирано“, изјави Хавзиу.

XS
SM
MD
LG