Достапни линкови

Адеми: Уредбата за враќање во школо на 18 мај е лажна


Објавата на министерот Арбер Адеми за лажната Уредба за продолжување на школската година

Лажна вест напиша министерот за образование Арбер Адеми на неговиот Фејсбук профил за наводната Уредба од Министерството за образование за старт на учебната година на 18 мај. Тој објави и фотографија од лажната уредба пречкртана со црвено.

Според лажната Уредба која што се споделува на социјалните мрежи, треба да се обезбедат услови за учениците да се вратат на училиште на настава во три смени, а часовите би се скратиле од 45 на 30 минути.

И од министерството за образование и наука ја демантираа веста.

„Министерството за образование и наука ја демантира информацијата која денес е објавена во дел од медиумите за наводно усвоена Уредба од страна на Владата со која основните и средните училишта продолжуваат со работа од 18 мај 2020 година“, реагира МОН.

Пред неолку дена се појави уште една лажна вест за наводно почнување на академската година на 11 мај, информција која беше препраќана преку електронска пошта и која, според студентските организации и надлежните институции, била „несолена шега“.

XS
SM
MD
LG