Достапни линкови

СЗО- мора да се осигура еднаков пристап на сите до вакцината за Ковид19


Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус

Сите нови вакцини, дијагностички препарати и третмани за новиот коронавирус мора да бидат подеднакво достапни за сите во светот, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Светот во трка по вакцина за ковид-19

Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус денеска најави план за соработка меѓу земјите со кој ќе се забрза развојот на лекови, тестови и вакцини против коронавирусот, наведувајќи дека ова заболување е заедничка закана и светот може да се бори против него само со заеднички пристап.

„Од досегашното искуство, дури и кога работите се достапни, тие не се достапни за сите подеднакво, а тоа не смееме да дозволиме да се случи,, рече Тедрос.

XS
SM
MD
LG