Достапни линкови

Помпео ја обвини Кина дека ја користи кризата за територијални амбиции


Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја обвини Кина дека ја користи глобалната преокупација со коронавирусот за спроведување на нејзините територијални амбиции во Јужното кинеско море. Помпео го изјави ова на видео конференција со шефовите на дипломатијата на членките на Здружението на југоисточна Азија (АСЕАН), посветена на пандемијата.

И Париз, по Вашингтон и Лондон, се сомнева во Кина за коронавирусот

Со години, Јужното Кинеско Море е точка на расправија помеѓу Пекинг и Вашингтон. Кина тврди дека целото море е нејзина суверена територија, нешто на што не се согласуваат ниту САД ниту владите на азиските земји во регионот. Членки на АСЕАН се Филипини, Индонезија, Малезија, Сингапур, Брунеи, Мјанмар, Тајланд, Лаос, Виетнам и Камбоџа.

XS
SM
MD
LG