Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ: Злоупотреби и лажни вести


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и владејачката СДСМ продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат за „злуопотреби на вонредната состојба“ и за „ширење лажни вести“.

„Пандемијата коси низ Македонија, граѓаните ги трпат последиците од мерките, а СДСМ ја злоупотребува вонредната состојба. Нема соодветна заштита за медицинскиот персонал и за граѓаните, недостасува сеопфатно тестирање, а функционерите на СДСМ се однесуваат како шерифи, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ, кој денеска слави 29-ти роденден, враќаат дека партијата на Христијан Мицкоски со „такви лажни вести“ го загрозува здравјето на граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ не понуди ниту едно решение за полесно надминување на предизвиците, туку остана доследна на ширењето лажни вести со кои го поткопува здравствениот систем и создава паника и страв кај граѓаните. Креирањето лажни вести е единствениот начин на делување на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ“, одговори СДСМ.

XS
SM
MD
LG