Достапни линкови

Трамп ја запира имиграцијата за да ги заштити работните места


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека „привремено ќе ја запре“ имиграцијата во Соединетите држави за „да ги заштити американските работни места“ во време на економска криза предизвикана од коронавирусот. “Во светлината на нападите на невидливиот непријател и соочен со потребата да ги заштитиме работните места на нашите американски граѓани, јас ќе потпишам претседателска уредба за стопирање на имиграцијата во САД “, напиша Трамп на Твитер. Тој не прецизираше како ќе се спроведе оваа мерка или колку ќе трае.

Трамп објави план во три фази за обнова на економијата

Од коронавирусот, што Трамп го нарекува „невидлив непријател“, починаа 42.000 луѓе во Соединетите држави и 766.660 се заразени. Околу 22 милиони Американци ги загубија своите работни места како резултат на кризата.

XS
SM
MD
LG