Достапни линкови

Трамп објави план во три фази за обнова на економијата


Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп им даде на гувернерите план со упатства за закрепнување на економијата од пандемијата на коронавирусот. Станува збор за фазен пристап за враќање на нормалната активност, но само таму каде што има интензивно тестирање и каде што е намален бројот на случаи на ковид -19. Во области каде што има ширење на вирусот се задржуваат преземените мерки.

Трамп се закани дека ќе го затвори Конгресот поради „измама“

Местата каде што инфекцијата опаѓа и тестирањето е интензивно, ќе започнат во три фази со постепено отворање на бизнисите и училиштата. Секоја фаза ќе трае најмалку 14 дена за да се осигури дека инфекцијата не се шири повторно.

XS
SM
MD
LG