Достапни линкови

Кина реагира дека Ковид-19 не настанал во лабораторија


Илустрација

Светската здравствена организација рече дека нема докази дека коронавирусот настанал во лабораторија, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан, одговарајќи на обвиненијата дека вирусот, од кој заболеа повеќе од два милиони луѓе на Земјата, настанал во лабораторија во кинескиот град Вухан, пренесе АП.

Кинеската новинска агенција Синхуа пренесе дека „алузија на потеклото на вирусот направија и американскиот државен секретар Мајк Помпео и претседателот на САД Доналд Трамп кој рече дека неговата Влада се обидува да одреди дали вирусот корона настанал во лабораторија во кинескиот град Вухан“.

XS
SM
MD
LG