Достапни линкови

Обвинет лидерот на бугарската партија Атака


Волен Сидеров

Во Бугарија е покренато обвинување против лидерот на националистичката партија Атака за тоа што барал од луѓето да ги прекршат мерките за јавно здравје воведени со цел да се забави ширењето на коронавирусот. Окружното обвинителство во Софија соопшти дека Волен Сидеров е обвинет за поттикнување кривично дело, бидејќи „постојано повикувал на прекршување на наредбата од министерот за здравство во врска со пандемијата на новиот коронавирус“.

Бугарските пратеници и министри ќе ги донираат своите плати за борба против коронавирусот

Меѓу другото, Сидеров ги повика Бугарите за време на телевизискиот пренос на 12 април да ги игнорираат мерките за физичко растојание и да не носат маски за лице за Велигден. Инспекторите, исто така, цитираа соопштение од „Атака“, во кое лидерот на партијата директно ги повика луѓето да присуствуваат на православната велигденска литургија за „да докажат дека Бог“ е посилен од шефот на националните операции што ја води реакцијата на земјата на епидемијата на коронавирус.

XS
SM
MD
LG