Достапни линкови

Бугарските пратеници и министри ќе ги донираат своите плати за борба против коронавирусот


Бугарскиот Парламент.

Пратениците во бугарскиот Парламент изгласаа да ги донираат своите плати, како и платите на членовите на владата, во буџетот на Министерството за здравство за времетраењето на вонредната состојба поради коронавирусот.

Во Бугарија има вонредна состојба од 13 март. Училиштата и повеќето продавници се затворени, има ограничувања на меѓуградските патувања и на пристапот до парковите. А забранети се и сите патувања за домашни и странски празници.

Во земјата досега има 565 потврдени случаи на заразени со Ковид 19 и 22 смртни случаи.

XS
SM
MD
LG