Достапни линкови

Помпео: Влезот на С. Македонија во НАТО ја зајакнува Алијансата „колосално“


Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео уште еднаш и честита на Северна Македонија како 30. членка на НАТО. На средба со новинарите тој изјави дека со влезот на нашата земја во НАТО, Алијансата се зајакнува „колосално“. “Ова е уште еден доказ за земјите што знаат дека сојузништвото со слободните нации на Западот е најдобар начин да се постигне безбедност, стабилност и просперитет за својата нација”, рече Помпео.

Хачинсон: Горди сме што ја имаме Северна Македонија како сојузник во НАТО

Прес-конференцијата на Помпео беше целосно посветена на опасноста од ширењето на коронавирусот во САД и напорите што ги прави Стејт департментот за репатријација на Американците од загрозените подрачја низ светот.

XS
SM
MD
LG