Достапни линкови

Хачинсон: Горди сме што ја имаме Северна Македонија како сојузник во НАТО


амбасадорката Кеј Бејли Хачинсон

Горди сме што ја имаме Северна Македонија како полноправна членка на НАТО. Народот на Северна Македонија покажа голема храброст во прифаќањето на оваа политичка одлука, изјави постојаниот претставник на САД во НАТО, амбасадорката Кеј Бејли Хачинсон. “Тие работеа цели 20 години да станат членка на НАТО, и многу сме горди што им посакуваме добредојде”, изјави таа на видео брифинг за новинарите во пресрет на денешниот министерски состанок на Алијансата.

Македонското знаме кренато пред седиштето на НАТО, Северна Македонија 30-та членка

На состанокот на Северноатлантскиот совет во формат на шефови на дипломатии ќе уќествува и македонскиот министер на надворешни работи Никола Димитров. Ова ќе биде прво учество на Северна Македонија, на едно заседание на Алијансата како полноправна членка на НАТО.

XS
SM
MD
LG