Достапни линкови

Забранет влез во Бугарија за државјани од трети земји


Бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев

Бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев издаде наредба со која се воведува привремена забрана за влез на територијата на Бугарија на сите граѓани од трети земји. Со наредбата се воведува и процедура за ставање под карантин, како и специјални правила за лицата кои вршат дејност на испорака на стоки и услуги, јавија бугарските медиуми.

Уште двајца бугарски пратеници со коронавирус

Се забранува и влегувањето на граѓани, независно од нивното државјанство, а кои доаѓаат од Италија, Шпанија, Франција, Велика Британија, Северна Ирска, Германија, Холандија, Швајцарија, Австрија, Белгија, Исланд, Лихтенштајн и Луксембург на сите гранични премини и со сите видови транспорт. Исклучок се прави за бугарските државјани и членовите на нивните семејства.

XS
SM
MD
LG